За нас

B2 Solution


B2 Solution е професионална компанија за давање консултации околу уредувањето  на работните места и дизајнот на вашата канцеларија.

B2 Solution константно ги унапредува своите услуги како би постанале првиот комплетно интегриран систем за канцелариски дизајн и уредување на канцелариски простори.

Business 2 Solution е локален застапник на многу светски лидерски брендови, Sedus Herman Miller , Senator group, Emmegie seating, Meco, Styloffice, …. како и на најстариот светски бренд во модуларен теписон Burmatex.

Наша главна цел е да испорачаме професионални услуги со адекватни производи како од дизајнерски  така и од буџетски аспект.

Во B2 Solution ќе пронајдете производи за сечиј вкус како и за сечиј буџет.

Мисија


Наша мисија е дa ги претвориме канцелариите во ефикасен работен простор.

Ние сме горди дека нашите солуции помагаат да стратешки  се развијат и изградат неопипливите вредности на компаниите. Трансформирајки го начинот на кој луѓето работат, ние креираме атмосфера на комфор и удобност на работното место, и во исто време ја правиме вашата канцеларија инспиративна за работа како и место каде додека расте продуктивноста , луѓето уживаат во постигнувањето на најдобри резултати.

 

Одговорност


Како одговорна компанија ние сме посветени да активно партиципираме во заштитата на околината прифаќајки го својот дел од одговорноста за идните генерации.

 

Во тој правец B2 Solution внимателно го бира секој поединечен производ кој го става во својата понуда. Се трудиме да тие производи во најголемиот дел да можат да се рециклираат а во производтствениот процес  да максимално се штити човечката околина.

Наши вредности


B2 Solution има за цел да биде препознаен како главен провајдер на високо функционални решениа како и јак но скромен бизнис партнер со рационален пристап да ги пронајде реалните потреби на своите клиенти.

Секој член на тимот е максимално посветен да слуша, разбере, осознае низ дијалог, преземе одговорност и иницијатива како би го испорачал ветениот резултат.

B2 Solution ги следи и антиципира светските пазарните трендови како би креирале најсовремени решениа со мешање на функционалноста и формата да би го максимизирале човечкиот потенцијал

Постојано изнаоѓаме нови начини за лично и професионално унапредување како би понудиле решениа со перфекционистички детали, да воспоставиме високи стандарди за квалитет, да ги надминеме очекувањата на клиентите.

B2 Solution се ангажира респектирајки ги пресонализираните дизајнерски решениа за реалните потреби на луѓето.